Don't Miss
Home / Вести / ВМРО ДПМНЕ најави кривични пријави за пратениците кои гласаа во скафандери и сите инволвирани

ВМРО ДПМНЕ најави кривични пријави за пратениците кои гласаа во скафандери и сите инволвирани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради вчерашното присуство на инфицирани пратеници од Ковид-19 на вчерашните седници.

Кривичните ќе бидат поднесени утре против сите инволвирани кои овозможиле присуство на овие пратеници во собранието  а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на прекршување на членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.  

Владејачката СДСМ пак и денеска се повикуваат на протоколот кој го има Собранието, а пак собранискиот спикер Џафери вели не сака да коментира дали има прекршување на членови од кривичниот законик, бидејќи тој како што рече не е правник, а работи по протокол и деловник.

Тврди направил сериозни консултации со сите институции пред да ја свика седницата на која вчера присуствуваа инфицираните пратеници. 

И пратениците од Левица исто така пак веќе најавија дека ќе поднесат кривични пријави против пратениците кои инфицирани од Корона вирусот вчера дојдоа на двете собраниски седници за да гласаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*