Министерот за здравство Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска остварил средба со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, но чии родители решија да ги донираат нејзините органи.
– Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест – напиша министерот по средбата.
Претходно Филипче го посети и Иле Стрезовски, на кој му беше извршена трансплантацијата на срце.