Дека доградбата на болницата за гинекологија и акушерство “Плодност“ од Битола на некои во Битола им сметала најдобра потврда е што за доградбата е поднесена анонимна кривична пријава од НН лице.
Во одговорот што редакцијата на Битолски весник го доби денеска од Основното јавно обвинителство, стои дека во “Основното јавно обвинтество е примен анонимен поднесок од Граѓанин на Битола насловен како “ Барање за кривичен прогон за злоупотреба “.
Во врска со овој поднесок во ОЈО Ботола оформен е предмет и постапката по истит е во тек“.
Чудно е што загрижениот граѓанин за доградбата на “Плодност“ кривичната пријава за злоупотреба ја поднесол анонимно и што во истата не е наведено ни против кој е поднесена,за кое кривично дело и за каква злоупотреба е поднесена.
Од добро информирани извори дознаваме дека кривичната пријава од анонимен граѓанин е намерно поднесена се со да се опструира дограбата на “ Плодност “.