Битолски весник на 29 април го прослави својот редок јубилеј 57 години од излегувањето на првиот број, кој беше испечатен на 29 април 1964 година.
Од оваа недела Битолски весник почнува да ја испишува новата страница од 58 година од своето постоење.
Тоа е исклучителен јубилј на најстариот и единстевн локален печатен медиум во државата, кој континуирано, без никаков прекин излегува 57 години.
По повод јубилејот Битолски весник прими голем број честитки од нашите читатели и поддржувачи, на кои им благодариме за поддршката, без чија поддпршка сигурно немаше да издржиме да ја одржиме традицијата.