Состојбата во битолските медиуми е катастрофална.
Од преку 130 новинари, техничари и медиумски работници колку што работеа во битолските медиуми сега работаат едвај петнаесетина новинари и медиумски работници.
Во изминатите години над 120 новинари и медиумски работници засекогаш се збогуваа со новинарството.
Но и покрај таквото цунами во медиумите во Битола пак нема средства за поддршка на локалните медиуми.
Освем со некои исклучоци битолското новинарство се сведе на едвај неколкумина кои работаат во професионалните медиуми.
Останатите “ новинари “ се занимаваат со фејсбук новинарство и главно ги пренесуваат вестите и информациите кои си ги поставуваат нивните “пријатели “ на своите фејсбук профили.
Во Битола во изминатите години згаснаа дури 3 локални телевизии: ТВ Меди, ТВ Мега, ТВ Орбис. Од медиумскиот простор пред тоа во историјата замина и Радио Битола, а неодамна слична судбина доживеа и Радио Делфин.
Веќе две години на медиумскиот простор го нема ни локалниот неделник Его.
Од професионалните медиуми единствено засега опстојуваат ТВ Тера, Битолски весник и локалните радија Радио 105, Радио 106 и Б-97.
Останатите медиуми едноставно ги снема.
Со нивното згаснување најмалку стотина медимуски работници останаа на улица.
Новинарството денеска стана професија која никој не сака да ја работи.
Моментно Битола има само неколку дописници, кои работаат за МИА, МРТВ, Радио Скопје, Телма, Алфа, Нова Македонија.
Во таква ситуација во Битола освем со одреднеи исклучоци новинарството се сведува на фејсбук новинарство, што е жалосно.