Don't Miss
Home / Вести / Графичката струка на СОУ „Таки Даскало “ и Битолскиот книжевен круг донираа книги по повод Светскиот ден на книгата

Графичката струка на СОУ „Таки Даскало “ и Битолскиот книжевен круг донираа книги по повод Светскиот ден на книгата

Графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола во соработка со Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ деновиве реализираше донација на книги и обележувачи за книги по повод 23 април – светскиот ден на книгата и авторското право. Учениците графичари во текот на месеците март и април изработуваа обележувачи за книги по сопствен дизајн за кои користеа познати, но и сопствени мисли за книгата и читањето, а беа изработени и обележувачи според корици на книги од писателите од Битолскиот книжевен круг.

          Околу 1000 обележувачи беа донирани заедно со огромен број книги кои ги подарија писателите од Битолскиот книжевен круг, како и со изданија на СОУ „Таки Даскало“. Донациите беа доставени до училишните библиотеки на сите основни училишта од Битола, како и на Педагошкиот факултет – Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*