Don't Miss
Home / Вести / Иницијативниот одбор на локалните и регионални медиуми против ставовите на ЗНМ

Иницијативниот одбор на локалните и регионални медиуми против ставовите на ЗНМ

Иницијативниот одбор на локалните и регионалните електронски медиуми со седиште во Битола, едногласно ја поддржува иницијативата на Владата и премиерот Зоран
Заев за укинување на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции (член 102 од ЗААМУ).

Иницијативниот одбор на регионалните и локалните елктронски медиуми е против барањето на ЗНМ, СЕММ и МИМ, Владата да ја повлече Иницијативата за укинување на забрана за државно рекламирање (да не се менува член 102 од ЗААМУ).

Локалните и регионалните електронски медиуми не ги поддржуваат заклучоците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и
медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), сметајќи дека истите се донесени без да се консултираат регионалните и локалните медиуми и медиумски работници, и на нивна штета.

Иницијативниот одбор на Регионални и локални електронски медиуми смета дека со воведувањето на членот 102 локалните и регионалните електронски медиуми, кои
поради драстичното намалување на рекламите, се наоѓаат во исклучително тешка финансиска ситуација, со донесување на членот 102 од Законот се најдоа во уште
потешка материјано финансиска ситуација, бидејќи ниту општините, ниту јавните претпријатија имаат законска можност да склучуваат договори за деловно-техничка
соработка со локалните и регионалните медиуми.

Со укинувањето на тој член, не само што нема да се засили клиентализмот, како што сметаат ЗНМ ССНМ, МИМ и СЕММ, туку едноставно ќе им се овозможи на пазарни
основи, локалните и регионалните електронски медиуми да соработуваат со јавните претпријтија и општините и за објавените огласи, соопштенија, јавни повици, информации и содржини од јавен интерес да можат да ги наплаќаат своите услуги.
Тука не станува збор за (платено) рекламирање, а уште помалку за клиентелизам, ниту пак за купување на лојалноста на медиумите, туку едноставно за воспоставување на деловна техничка соработка, која функционираше во сите изминати години до донесувањето на фамозниот член. Уште помалку станува збор за некакво платено
политичко рекламирање. Иницијативниот одбор му дава целосна поддршка на Владата да истрае во своите намери и час поскоро да го укине членот 102 од Законот.

Иницијативниот одбор на локалните и регионалните медиуми бара од Владата да утврди кои електронски медиуми добивале пари од владини реклами и да ја информира јавноста.

Иницијативниот одбор смета дека во иднина ЗНМ и другите новинарски здруженија, пред да носат какви било заклучоци и одлуки за медиумите, особено кои се
однесуваат на локалните и регионалните медиуми, да ги консултираат нив, а не да се носат едностарни заклучоци без никаква дебата и расправа, ниту пак консулатација.
Таквите заклучоци не го одразуваат расположението и мислењето на медиумите во внатрешноста, се вели во соопштението на Иницијативниот одбор на Регионалните и
локални електронски медиуми, со седиште во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*