Don't Miss
Home / Вести / Koронавирусот повторно го одложи Меморијалниот планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато

Koронавирусот повторно го одложи Меморијалниот планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато

Пред точно 32 години, на 10 мај 1989 година, познатиот битолски и македонски планинар и алпинист  Димитар Илиевски – Мурато го освои  највисокиот врв во светот, Монт Еверест на  кој го развеа македонското знаме, запишувајки се во историјата на македонскиот  алпинизам како прв Македонец кој се искачи на Покривот на светот.

Илиевски искачувањето го изведе од јужната страна на Еверест, заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива.

Но за жал по големиот подвиг се случи големата трагедија.

Димитар Илиевски при  спуштањето од врвот се изгуби во Хималајските беспаќа  и засекогаш остана  на Монт Еверест, планината која толку многу ја сонуваше и сакаше.

Во чест на историскиот подвиг на Илиевски цели 30 години ПСК Пелистер организираше  Меморијален планинарски марш за планинарите на кои учествуваа стотици планинари.

Но поради пандемијата од ковид 19 како и лани така и ова агодина маршот беше одложен, а за да биде зачувана традицијата група планинари  од Битола се искачија на Димев врв и положија свежи цвеќиња на неговиот споменик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*