Битолската критична маса денеска се собира по 7 ми пат.
Битола е дел од многубројните градови низ светот во кои се организира настан од ваков тип каде нема лидери, нема формална организација, само критична маса велосипедисти.
“Битола на точак“ е иницијатива која постои за подигнување на јавната свест во Битола за користењето на велосипедот како урбано превозно средство.
Иницијативата во Битола започна не поради самото возење туку поради промовирање на велосипедот како стил на живот.