На пет локации на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола поставени се 12 подземни контејнери за собирање на отпад.
По поставувањето на контејнерите градоначалниката на Битола, Наташа Петровска изјави:
-Извесен период се реализираат низа зафати на оваа улица, односно се постави ново лед осветлување, ново хортикултурно уредување со нови зазелеленети и цветни површини, поставени се клупи, како и активности за смирување на сообраќајот. Но токму промоцијата на поставувањето на 12 подземни контејнери дава растеретување на просторот, во интерес на граѓаните и заедницата, поголема функционалност и пријатност за опкружувањето. Бидејќи започнавме со инфраструктурни активности и кај Довлеџик, подоцна треба да продуцира и инфраструктурен дел до оваа улица кој ќе подразбира реализација на велосипедските патеки. Ова претставува интегриран, комплетен пристап на промена на инфраструктурата и на она што значи урбано живеење. Би замолила да покажеме како граѓани свест и будност дека треба да се грижиме за се ова заедно, бидејќи се ова што се поставува и се сади е убаво за сите нас“, рече Петровска.
-Граѓаните имаат точно предвиден отвор за поставување на отпадот. Не би сакале да гледаме слики на отпад наоколу, на користење на отпад од други локации, или пак на градежен шут и други типови отпад кои што не се соодветни за постапување во овие подземни контејнери“, посочи Богоевски.