Don't Miss
Home / Вести / Врачена наградата на Битолски весник “Тоде Петревски”

Врачена наградата на Битолски весник “Тоде Петревски”

        Во присуство на членовите на најтесното семејство, новинари и почитувачи на неговото дело, денеска во амфитеатарот на Славјанскиот универзитет “ Г.Р. Державин “ во Битола,  беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник “ Тоде Петревски“.

        Добитник на наградата која  локалниот неделник, Битолски весник  традиционално  веќе  17 години по ред посмртно ја доделува во чест на покојниот новинар  на Радио Скопје и дописник од Битола,  Тоде Петревски е новинарката Анета Блажевска.

        Наградата и ја додели сопственикот на Битолски весник, Менде Младеновски.

-Оваа награда која го носи името на мојот драг колега и учител во новинарството Тоде Петревски ја доживувам како да добив Пулицерова награда.

Тоде Петревски беше новинар со исклучителна новинарска кареиара , кој ни беше пример на младите новинари како треба да се однесуваме во новинарската професија, која е исклучително тешка и одговорна, рече добитничката  на наградата, Анета Блажевска.

        Анета Блажевска  речиси  три децении се занимава  со новинарството. Таа работела во повеќе локални и национални медиуми, како новинар,  уредник и водител.

Кариерата ја почна во Радио Канал 77, каде во македонскиот етер беше присутна 14 години, од кои речиси 5 години како уредник и водител на емисијата “Стадион”, 10 години беше новинар- дописник за дневниот весник „Утрински весник“

Анета Блажевска во својата новинарска кариера беше   дописник и за весникот „Слободен печат” ,  како и за  новинската агенција „Мета”.

Во моментов  е ангажирана во интернет порталот „Независен.мк,. Та е еден од сопствениците на порталот „Апла.мк,. Го води порталот „Зелена берза”, воедно е и заменик уредник на специјализираниот весник за земјоделие и екологија „Зелена берза” кој овој месец слави 3 години постоење. 

Анета Блажевска наградата ја доби за објавените репортажи во  весникот „Зелена берза”, новинарски род, кој со посебна љубов и пиетет  го негуваше покојниот новинар, Тоде Петревски.

Тоде Петревски почина на 30 мај 2004 година. Тој долги години беше дописник на Македонското радио, Радио Скопје од Битола, едно време дописник од Келн Германија, а работеше и како диписник од Битола, на дневниот весник Политика, Србија.

Долги години Тоде Петревски беше соработник на Битолски весник и еден од првите членови на редакцијата, која првиот број го објави на 29 април 1964 година.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*