Денеска во Битола економските промотери во странство имаа средба со градоначалнчката Наташа Петровска и дел од битолските бизнисмени.
На информативната средба, покрај градоначалничката Наташа Петровска и заменик градоначалничката Емилија Костурски, учествуваа директорот на ДЕЈД Игор Попов, директорот на АППТ Љупчо Јаневски, промоторите Илија Псалтиров – Варшава, Бекри Ајдини – Абу Даби, Абдилџемил Саити – Минхен, Сузана Тунева – Анкара и Неби Ахмети, советник за меѓународна соработка и промоција на туризмот, а од страна на битолските стопаственици учествуваа Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора, Драги Милошевски – директор на Киро Дадаро, Томе Тромбев – директор на Минтинг Инженеринг, Горан Микаровски од Цермат, Иванчо Велјановски – Квасара, Александар Чадиковски – Лакталис и Николче Трпеновски, сопственик на хотел Капри.
Градоначалничката Петровска ја поздрави иницијативата на Директоратот за економска и јавна дипломатија при МНР и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кои заедно со македонските економски советници во странство, им понудија поддршка на битолските стопанаственици за дополнително проширување на извозот на нивните производи.