Светскиот ден за заштита на животната средина 5 јуни, во Општина Битола беше одбележан со неколку масовни акции за чистење на градот.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска истакна дека годинава, покрај масовното чистење, кое го изведоа екипите на ЈП „Комуналец” и граѓаните, акцент беше ставен и на други активности.
-На одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, покрај масовните акции за чистење на околината и мини депониите, акцент се стави и на зазеленувањето на нови површини, изградба на нови детски паркови и осовременување и заштита на објектите, во насока на зголемување на нивната енергетска ефикасност.
Ме радува тоа што градот веќе има нов лик, цветен, оплеменет, со нови зелени содржини, со нови рекреативни површини наменети за сите генерации. На сите нас останува да ги чуваме и заедно да дадеме придонес за заштита на животната средина, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Во активностите за одбележување на 5ти јуни, Денот за заштита на животната средина, кои ги организира Општината Битола зеде учество ЈП „Комуналец”.
Во оваа акција беа вклучени 20 работници, 11 грбни косилки (тример) 2 тракторски косилици со предно косење, трактор со метларка, трактор за утовар на органски смет и цистерна за миење”, истакна директорот на ЈП “Комуналец”, Панде Богоевски.