Во врска со најновите инвстициони зафати во “ Енергетика “ генарлниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изјави:
-Денес сме во работна посета на подружницата на АД ЕСМ, ,,Енергетика”, каде од неодамна имаме назначено нов директор, Далибор Богдановски. Заедно со директорот и со неговиот тим ќе поразговараме за неколку значајни проекти кои се во тек и кои ни претстојат, а кои се од значење за подружницата ,,Енергетика” и особено за жителите во овој дел на градот Скопје. Тие проекти се:
• проширувањето на топловодниот систем,
• модернизацијата на самата подружница,
• изградба на гасна електрана и
• поставување кровни фотонапонски електрани.
Пред се , посветени сме на тековниот проект, а тоа е проширување на топловодниот систем кој ќе даде нови приклучоци за парно греење во населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром. Станува збор и за нови приклучоци за 350 домаќинства во Автокоманда, зајакнување на мрежата, заштеди за домаќинствата и можности за нови приклучоци во Железара, како, како и приклучување на греење на три нови згради во Гази Баба. Вкупната проценета вредност на инвестицијата изнесува 260.162 евра.
Паралелно со ова, тече и проектот за модернизација на самата подружница, нејзината технологија и системи за работа. Зафатот подразбира реконструкција на трафостаниците Север и Југ и реконструкција и модернизација на електродистрибутивниот систем и имплементација на smart grid управување, што ќе чини околу 23 милиони евра.
KfW банка одобри грант за изработка на фисибилити студија, после што ќе се пристапи кон следните фази на постапката согласно процедурите на KfW банката.
Понатаму, во рамките на Енергетика планирана е нова гасна електрана со моќност од 50 MW до 200 MW.
Вкупна проценета вредност на инвестицијата изнесува од 35.000.000 евра до 140.000.000 евра зависно од инсталираната моќност.
Новата електрана треба да го надополни недостатокот на електрична енергија во зимскиот период и да обезбеди производство на енергија и топлина од природен гас, со што ќе остварува заштеда на енергија преку енергетски ефикасна комбинирана когенеративна електрана и ќе се постигне намалување на вкупните емисии на CO2, SO2, NOx и тврди честички во вкупниот процес на производство на АД ЕСМ.
Во “Енергетика“ ќе продолжиме со зголемување на производството на чиста енергија и со поставување кровни фотонапонски електрани на самите објекти и постројки во подружницата, конкретно на управната зграда и на трафостаницата Југ. Вкупната вредност на инвестицијата за кровна фотоволтаична електрана изнесува 75.000 евра.
Дел од овие проекти ни се веќе започнати во изминатите две години со кредитирање преку меѓународни финансиски институции, а дел се дел од Интервентниот план за инвестиции објавен од Владата и од премиерот Заев.И во иднина интенцијата на Владата и на АД ЕСМ е силно да се посветиме на зеленото сценарио во енергетиката, затоа што здравјето на луѓето ни е најважно, изјави Васко Ковачевски.