Don't Miss
Home / Македонија / Заев за НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Заев за НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано



Претседателот на Владата на Република Северна Македонија со изјава за медиумите го оцени првото учество на Република Северна Македонија на НАТО Самитот 2021 на шефови на држави и влади како полноправна членка на Алијансата.

Во прилог на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Самитот 2021 на НАТО на шефови на држави и влади е историски момент и за мене и за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит на НАТО со 30 членки.

Затоа ова е голем успех за Северна Македонија и за НАТО.

Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка цел, а дополнително со нашето членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Северна Македонија, заедно со сите сојузници, се посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани.

Силно веруваме дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евро-атлантска перспектива. Ставањето на овој дел од Европа во вакуум не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и засилени процеси на интеграција на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.

Денес повторно ги потврдивме нашите единство, кохезија и солидарност.

Трансатлантското партнерство е силно како никогаш порано.

Сакам да му се заблагодарам на генералниот секретар Столтенберг за неговото водство во креирањето на агендата на НАТО 2030 во соработка со сојузниците и за широките и инклузивни консултации со многу засегнати страни.

Агендата на НАТО 2030 навремено ги адресира промените во стратешкото опкружување и го прави НАТО подготвен за 21 век. Ние се соочуваме со закани од Русија и предизвици од системски авторитарен натпревар до нашата Алијанса. Треба да сториме повеќе и ќе сториме повеќе за да ги поддржиме заедничките демократски вредности и да го заштитиме меѓународниот поредок заснован на прифатените правила. За таа цел треба ни претстои тесна соработка со истомислениците, главно со ЕУ, но и со други партнери.

Посветени сме да ги зголемиме политичките консултации и координација меѓу сојузниците. НАТО е неопходен за нашата колективна безбедност. Алијансата е суштински трансатлантски форум за консултации за сите прашања поврзани со безбедноста и за усвојување на заеднички одговори.

Драго ни е што сојузниците, преку Агендата на НАТО 2030, повторно се посветија на основните принципи на Алијансата и се согласивме да ги поддржуваме со политички активности и конкретни активности и алатки.

Во иднина, ние сакаме да го видиме НАТО со поширока политичка димензија и функции. Ова ќе ни овозможи да ги унапредиме политиките во широк спектар на области и да се прилагодиме на новите предизвици, од кои ќе прозлезе зајакната политичката кохезија на НАТО.

Денес, по успешниот Самит на НАТО, испраќаме силна и јасна порака: Заедно сме посилни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*