Don't Miss
Home / Вести / Почнува предавањето на печките на дрва

Почнува предавањето на печките на дрва

Од  утре, понеделник ( 21.06.2021 год.)  во Битола официјално треба да  почни предавањето на печките на тврди, или фосилни горива, за носителите на домаќинствата, кои беа субвенционирани од страна на  Општината Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Согласно објавениот распоред предвидено е да се предаваат по  600 печки, седмично.

Граѓаните  кои добија од Општината инвертер клими потребно е да ги предадат без надомест печките на тврди или фосилни горива во отпадот ДООЕЛ Отпад „Чамец” Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од левата страна  во наведениот временски период во списокот, во периодот од 08.00 до 16.00 часот.

При предавањето на печките, граѓаните ќе добијат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер климата  треба да ја достават до Општина Битола од 08 до 16.00 часот, истиот ден, или најдоцна до 12.00 часот следниот ден, во зградата на Советот на Опстина Битола (зад општинската зграда).

Предавањето на печките се врши согласно наведените услови во јавниот повик за субвенционирање, а Општина Битола по пат на јавен повик изврши избор на правно лице за собирање на користени печки на тврди и фосилни горива од добитниците на субвенции за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, информираат од Општинската администрација.

Инаку за потсетување Општината Битола за инвертер клими издвои 2.500.000 евра, средства што  по препорака на Владата ги издвои АД ЕСМ.

Со тие средства во Битола над 2.500 домакинства добија инвертерклими, кои чинеа по 1.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*