Don't Miss
Home / Вести / Во Битола 25 лиценцирани негуватели ќе се грижат за старите лица и лицата со попреченост

Во Битола 25 лиценцирани негуватели ќе се грижат за старите лица и лицата со попреченост

По тримесечна теоретска и практична обука, денеска  во Битола на 15 негуватели им беа доделени сертификати, со кои се потврдува дека истите се лиценцирани за давање услуги на лицата кои што ќе имаат одредена потреба од нивна нега.

 Негувателите ќе бидат соодветно и препознатливо облечени, опремени со медицински помагала, како апарати за мерење шеќер, притисок, прва помош итн.

Обуката за негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост се реализираше во Црвениот крст Битола, а истата е дел од проектот во вредност од 450.000 денари кој го реализира Општина Битола преку програмата за социјална заштита.

-Општина Битола, од сопствени средства овозможи лиценцирање на 25 лица, кои ќе значат поддршка на лицата од различни возрасни групи. Во градот, постојат повеќе институционални форми каде што лиценцираните негуватели ќе можат да бидат работно ангажирани и да бидат вклопени како препознатливи лица по својот ангажман. Предноста на сето ова е што лиценцираните негуватели, стануваат препознатливи во еден систем на ниво на држава, што реално им дава можност за континуитет во работењето. Работата е специфична, но токму затоа е племенита“, рече градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска на денешното доделување на сертификатите, која притоа  рече дека до крајот  на годината ќе бидат лиценцирани уште 10 негователи.

Петровска потсети дека на овој начин се решава проблемот на голем број лица кои имаат потреба од користење на одредени услуги од здравствените установи или Центарот за социјална работа. Негувателите ќе им дадат помош и на старите лица, или лицата со попреченост, онаму каде што нема кој да им даде домашна поддршка, при соодветна терапија или друга потреба. Ваквата поддршка и синхронизираното делување помеѓу Црвениот крст и Општина Битола, ќе го подобри животот на жителите на општината на кои им е неопходна поддршка, а особено нивното функционирање во високоризични ситуации, како што беше состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид  19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*