Don't Miss
Home / Вести / Адора гради екслузивни апартмани на Златибор

Адора гради екслузивни апартмани на Златибор

Планински хедонизам во иновативен хотелско-резиденцијален комплекс на Златибор Паметен начин на инвестирање во врвни недвижности кој ги враќа вложените пари

Бизнис групацијата Адора, потврдениот македонски градежен бренд со интернационална репутација, преку својата компанија Adora Living Solutions, интензивно го гради првиот проект во Србија, иновативниот хотелско-резиденцијален комплекс 21st Century Residence Spa & Wellness на прекрасниот Златибор. Продолжувајќи ја успешната градителска приказна низ редефинирање на поимот за инвестирање во недвижностите во еден од најпопуларните туристички центри на Балканот, Адора отиде уште понапред, креирајќи современ, мудар и профитабилен модел на вложување во ултра модерни апартмани и penthouse-и, нудејќи им на купувачите можност за сопствено уживање и за враќање на инвестицијата преку издавање.

Комплексот кој со полна пареа се гради на атрактивна локација во срцето на Златибор, хармонично вклопен во природната микро локација со зелено-златна борова шума, на површина од 7.000 m² ќе има 100 апартмани и ексклузивни penthouse-и со површина од 34 до 70 m² со убедливо најубав панорамски поглед на околните планини и уникатна можност за избор на една од линиите за унифициран дизајн: modern, contemporary и signature. Објектот има базен, спа и велнес центар, модерно лоби со рецепција 24/7, ресторан, кафетерија со градина, заеднички уреден парк со детско игралиште, сала за состаноци, природни камини и џакузи на терасите на penthouse-ите, кои се брендирани според магичните погледи кон Торник, Чигота, Златар, Тара и Дрина.

„Горди сме што успеавме да креираме софистициран спој на одмор и бизнис и да докажеме дека квалитетот, уникатноста и иновативноста е универзален бизнис јазик, што се препознава и вреднува во секоја држава и на секој пазар. Решивме да размислуваме глобално. За проширувањето на градежниот бизнис во пријателска Србија пресудно беше што Златибор е едно е ретките места на европската мапа каде продажбата на недвижности е драстично зголемена од почетокот на пандемијата, атрактивната локација, развиената  инфраструктура и инвестициската експанзија, што се манифестира и со изградба на најдолгата гондола во светот. Пријатно сме изненадени од топлината, гостопримството и ефикасноста на српските институции. Ако на ова се додадат целогодишната туристичка сезона, пријатната и здрава клима и огромниот број сончеви денови во кои нашите купувачи може да уживаат кога сакаат, а во останатиот период да ги издаваат апартманите преку компанијата Adora Hospitality Group, остварувајќи солиден приход, јасна е дефиницијата на овој проект за планински хедонизам и профитабилен бизнис“. Порачува Душко Чифлиганец, проект лидер на 21st Century Zlatibor by Adora и заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, кој најавува дека комплексот, инвестиција вредна 15 милиони евра во двете насоки, треба да биде завршен пролетта 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*