На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули.
На предлог на Комисијата за заразни болести, од 1 јуни е дозволено организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.