Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски на покана на градоначалникот на општина Караџасу, Зеќи Инал со дел од вработените во општинската администрација е во работна посета во Република Турција.
Тој присуствува на првото издание на Интернационалниот фестивал за грнчарија „Црвени раце”.
-Денеска на покана на градоначалникот на Караџасу, г-дин Зеќи Инал ја започнав работната посета во Република Турција каде што ќе присуствувам на фестивалот за грнчарија во градот Караџасу.
Нашата општина од 2019 година е збратимена со општина Караџасу, и токму ваквите заеднички посети се дел од протоколот за збратимување кој го потпишавме. Со градоначалникот Зеќи се договоривме за аплицирање на заеднички проекти во европските фондови, реализација на заеднички активности и презентирање на можностите за инвестиции во нашата општина пред турските инвеститори.” – изјави градоначалникот Љубе Кузманоски.
Градоначалникот на општина Караџасу, Зеки Инал изрази задоволство од посетата на Кузманоски, особено што тој е прв почесен гостин на првиот интернационален фестивал за грнчарија во Караџасу.
-Особено сме среќни што денеска во нашата посета се градоначлникот на општина Новаци, г-дин Љубе Кузманоски со неговата делегација, и што зедоја учество ја првиот интернационален фестивал за грнчарија „Црвени раце” во Караџасу. Соработката со општина Новаци ќе продолжи и во идниот период преку различни проекти, а за во идинина најавувам и моја возвратна посета во Македонија.” – изјави градоначалникот на општина Караџасу, Зеќи Инал.
Фестивалот на грнчарија, кој започна после долг процес во борба со пандемија од коронавирусот, стана празник за граѓаните на Караџасу.
Уметници од повеќе делови на Турција ќе ги изложат своите дела на фестивалот кој ќе трае шест дена.