Don't Miss
Home / Вести / Васко Ковачевски: Деновиве ќе се потпише договор за изградба на топлификација на Битола

Васко Ковачевски: Деновиве ќе се потпише договор за изградба на топлификација на Битола

Деновиве ќе се потпише договорот за изградба на топлификационата мрежа од РЕК “ Битола “ кон градот Битола.

        Ова попладнево го изјави за ТВ Тера  генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Инвестицијата е  вредна од 28 до 30 милиони евра. Проектот кој со децении го очекуваа и посакуваа(т) битолчани ќе се гради со задолжување  код  кредитна банка, од каде ЕСМ веќе  користи кредитна линија за изградба на  ветерниците во Богданци.

-Успеавме овој  проект  од проект во мирување за само една година,  со максимално ангажирање на вработените во ЕСМ, вработените во РЕК Битола да го завршиме.

Во наредните денови  околу 15 и 20 јули очекуваме да потпишиме договор со економскиот оператор кој што ќе биде избран и на есен да почнат градежните работи на терен, изјави  Васко Ковачевски за емисијата Директно на ТВ Тера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*