Don't Miss
Home / Uncategorized / Граѓаните он лајн можат да го проверат стажот на осигурување и платите

Граѓаните он лајн можат да го проверат стажот на осигурување и платите

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, денеска на плоштадот “Магнолија“  во Битола, го  организираат јавниот  настан „Ден за Вас”.

Основна цел на оваа активност е граѓаните он лајн да го проверат стажот на осигурување, платите и другите податоци, односно вработените лица преку непосредни прашања со вработените од наведените институции да добијат одговори на сите прашања од пензиско и инвалидско осигурување- беше посочено на настанот во Битола.

– Главна цел е да  можат осигурениците да извдат листинг за стаж и да си го проверат својот личен стаж на осигурување. На ваков начин и Фондот како институција се приближува до граѓаните , благовремено, секој осигуреник да си го провери периодот на осигурување, дали му е евидентиран или не, со цел пред да се стекне со правото на пензија, целокупниот стаж да му биде внесен во електронскиот систем на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување. Граѓаните често се жалат на празни периоди на осигурување, фирмите не донесуваат навремено соодветна документација, за ние како институција  да потврдиме стаж. И голем број на фирми во периодот од 1990-1998 година не го имаат подмирено придонесот, што од друга страна   не е добра  социјална политика на работодавците према осигурениците- истакна Трајко Премчески  помошник директор во Фондот за пензиско- инвладиско осигурување.
Пензиски осигуреници во општините  Битола, Могила и Новаци има  околу 16 илјади и 300.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*