Don't Miss
Home / Вести / “Поинаку“ со јавен проглас до битолчани ќе ја пишуваат изборната програма

“Поинаку“ со јавен проглас до битолчани ќе ја пишуваат изборната програма

Независната советничка група „Поинаку“ од Битола денеска излезе со јавен повик до сите битолчанки и битолчани да се вклучат во изработка на програмата за претстојните локални избори, со што ќе дадат свој придонес пред се во враќање на градот во рацете на граѓаните.

Во јавниот повик се вели:

„Битолчанки и битолчани,
Наближува датумот кога секој од нас ќе треба да го даде својот глас за поубава Битола. Наближува датумот кога ќе ја имаме историската шанса, ние како битолчани самите да си го средиме градот.
Во тек сме на изработка на програмата за локалните избори која потекнува од реалните проблеми во градот, идеите,  потребите но и визијата на битолчани.
Покрај нашите идеи, покрај идеите на нашите идни советници, ги повикуваме сите архитекти, градежници, спортисти, доктори, еколози, скијачи, планинари, боеми, програмери, адвокати, судии, пензионери, студенти, учители, професори, креативци, бордери, скејтери, велосипедисти, музичари, бизнисмени, угостители….

Сите вие кои сакате да живеете во овај град и сите вие од странство кои сакате да се вратите во Битола, да дојдите и заедно со сите нас да ја напрајме најубата, најреалната, најпотребната  програма за Битола!
– Битола има историска шанса, одлуките и последниот збор за градот да се носат овде, а не во Скопје.
-Битола има историска шанса да реализира програма направена во Битола, а не наметната и препишана од Скопје.
-Битола има историска шанса да го направи овај град поинаков од кога и да е!
Добредојдени сте на нашата фб страна, инстаграм или пак во нашата канцеларија секој понеделник од 19 часот во Пелагонка 2 на вториот спрат.
Битола мора да биди тоа што сакаат битолчани!!! се вели во јавниот повик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*