Don't Miss
Home / Вести / Тројца кандидати на СДСМ во трката за градоначалник на Битола

Тројца кандидати на СДСМ во трката за градоначалник на Битола

                       

Извршниот одбор на СДСМ Битола на синоќешната седница ги верификува кандидатурите за градоначалник на Битола и за советници во Советот на Општина Битола од апликациите кои пристигнаа до општинската организација.

         По серијата состаноци со сите месни одбори на општинската организација, на кои членовите на СДСМ имаа можност да предложат кандидат за градоначалник и за советник, Кандидационата комисија при ОО СДСМ Битола ги разгледа пристигнатите кандидатури и до Извршниот одбор достави листа од тројца кандидати за градоначалник и 76 кандидати за советници во Советот на Општина Битола кои  исполнуваат критериуми за продолжување на постапката за избор.

        Извршниот одбор на СДСМ Битола ги верификува кандидатурите за градоначалник на Битола испратени од Наташа Петровска, Горан Козаров и Зоран Стојчевски.

       Листата со кандидати за градоначалник може да биде дополнета, имајќи ја во предвид можноста за самокандидирање. 

          Постапката за утврдување на кандидат за градоначалник и на кандидати за советници во Советот на Општина Битола од редовите на СДСМ продолжува согласно Правилникот и Роковникот за утврдување на кандидати за локалните избори 2021 година, се вели во соопштениет на ОО  СДСМ Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*