Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, оствари средба со претставници на навивачката група „Чкембари“ и со дел од раководните структури на ФК Пелистер.
Во соопштението од општината се вели дека тема на разговорите беше актуелната состојба во ФК „Пелистер“ и проблемите со кои клубот се соочува. Градоначалничката Петровска посочи дека од страна на општината ќе бидат преземени потребните чекори со кои ќе се овозможи предвремена исплата на обезбедените финансиски средства од буџетот на општината кон клубот, во насока на негова стабилизација, се вели во соопштението.