Don't Miss
Home / Вести / “Чкембарите“со барање Пеце Стојчевски да се откаже од продажбата на Пелистер

“Чкембарите“со барање Пеце Стојчевски да се откаже од продажбата на Пелистер

Навивачката група „Чкембари“ преку соопштение на својата Фејзбук страница информира дека денес на нивна иницијатива остварена е средба помеѓу претставници на Чкембарите, градоначалничката Наташа Петровска, спортскиот директор Коруновски, секретарот на ФК „Пелистер“ Пресилски и тренерот на првата екипа Капинковски.

„На средбата беше до детали објаснета ситуацијата во која се наоѓа фудбалскиот клуб Пелистер. Градоначалничката истакна дека од страна на Општина Битола ќе бидат преземени потребните чекори во насока на привремена исплата на обезбедените финансиски средства од буџетот на општината кон клубот, со што ќе биде избегнато најлошото сценарио како чекор кон негова стабилизација. Како навивачка група, го повикуваме претседателот на клубот Пеце Стојчевски кој воедно е и сопственик на 75% од акциите на клубот, да се ангажира во обезбедување на финансии кои ќе ги покријат трошоците за есенскиот дел и да се откажи од продавање на клубот на “заинтересираните” инвеститори. Доколку не е во можност истото да го направи, да го отстапи неговиот удел од АД Фк Пелистер“ стои во соопштението на навивачката група.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*