Don't Miss
Home / Вести / Ќе се одржи 51 издание на фестивалот “ Илинденски денови “

Ќе се одржи 51 издание на фестивалот “ Илинденски денови “

                       

Од 20 до 30 јули Битола ќе биде домаќин на 51 издание на фестивалот на народни песни и игри “ Илинеденски денови “ На годинашното издание на фестивалот  покрај македонски културно уметнички друштва ќе земат учество  фолклорни ансамбли од Америка, Русија, Грција, Албанија, Србија и Хрватска.

Ова беше речено на денешната прес конференција на организаторот на фестивалот  НУ Центар за култура-Битола.

-Не отстапуваме од традицијата и затоа фестивалските вечери ќе почнат со дефиле на “Широк Сокак“ и со орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола. Овој фестивал е од посебен национален интерес и затоа подготвивме богата програма која ќе ја следи и посебниот гостин, претседателот на ЦИОФФ Филип Бусон кому ќе ја презентираме нашата фолклорна традиција што на овој културен настан ја негуваме 51 година.

Фолклорот не дефинира како нација, како луѓе и зборува за нашиот идентитет и гордо и годинава ќе го презентираме во градот, државата и светот, истакна на прес конференцијата  Маја Андоновска Илијевски, директорка на битолскиот Центар за култура.

 Валентин Соклевски, селектор и режисер на фестивалот најави дека оваа година фестивалот ќе се одржува под мотото  “старото е ново“ и, како што рече, нуди програма во изобилство.

 -Фестивалот „Илинденски денови“ е сцена на која старото се пренесува и афирмира како ново на генерациите што доаѓаат.Фестивалот не е инцидент туку процес, фестивалот е систем кој функционира. Фестивалот не е само игра и песна, туку и збор и наука, и тоа сакаме да го развиваме што повеќе и во соработка со стручни лица. „Илинденски денови“ е единствен фестивал во државата  со сертификат за интернационален фестивал затоа што ги исполнува сите светски критериуми, истакна Соклевски.

Инбаку за време на десетте фестивалски денови во Битола ќе се одржуваат изложби, работилници за везење и ткаење, ќе настапат 26 културно уметнички друштва и фолклорни групи од државата и странство за кои се утврдени мерки за заштита од ковид како за учесниците, така и за публиката, информираа организаторите на претстојниот културен настан во овој град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*