Надлежните општински служби се сетија да ја „закрпат“ со асфалт улицата кај болницата „Плодност “ во Битола. Улицата беше ископана и несанирана откако фирмата „Жикол“ од Струмица пред повеќе месеци интревенираше за поставување на нова водоводна мрежа.
Жителите од тој дел на градот, кој битолчани го викаат „битолско Водно“ долго време
бараа да се санира улицата која не само што претставуваше грда слика за Битола, туку и опасна за одвивање на сообраќајот.
Дури деновиве улицата беше „закрпена“, за сега по неа да може барем безбедно да се одвива сообраќајот.