Don't Miss
Home / Вести / Утре стартува јубилејното издание на “ Локум фест “

Утре стартува јубилејното издание на “ Локум фест “

                      

            Утре во Битола свечено ќе биде отворено годинашното јубилејно 15  по ред издание на фестивалот “ Локум фест“.

„Локум фест“ е фестивал кој започна  да се одржува пред 15 години  во Старата битолска чаршија.

Станува збор за фестивал кој ги негува традициите на  конзулска Битола, кога со локум и кафе  се  пречекуваа  комшиите, патниците,добронамерниците…

Всушност една од главните функции на Фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, fusion, world music) да се покаже сиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола. 

Во изминатите четиринаесет години на Локум фест настапиле преку седумдесет групи и ансамбли од како од  Македонија, така и од дваесетина земји од регионот, Европа и светот. На Локум фест настапиле изведувачи од : Египет, Индија, Кина, Норевешка, Данска , Шпанија, Јапонија, Шведска, Исланд, Унгарија, Полска, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Албанија, Турција, Бугарија, Бразил, итн.

Покрај музичкиот дел Фестивалот во соработка со ЗУР Македонски ракотоворби веќе петнаесета година се оддржува  „ Саем на ракотворби “  мотивирани од народната традиција, сегмент кој му дава колорит и дух на фестивалот. 

Посебен акцент оваа година ќе биде ставен  на соработката со Државниот архив – одделение Битола, благодарејќи на која  посетителите ќе имаат единствена можност да го видат  “Грамофонот на Манаки“ , кој ќе биде изложен заедно со автентични фотографии од боемскиот живот и чалгии од минатиот век.

Оваа година на самиот Јубилеј,  програмата е богата и ексклузивна и го навестува идниот курс на фестивалот.

Фестивалот започнува  со  настапот на  Влатко Стефановски трио на Хераклеја (22.07), за да наредниот ден (23.07)  во Пациото на -НУ Завод и Музеј настапи  единственото дуо  Драган Даутовски со неговиот син Ратко Даутовски и промоција на албумот Apocalypticum. 

Третата вечер (24.07) на фестивалот на Широк сокак и старата битолска чаршија, ќе настапат  КУД Илинден,   а ќе биде отворена  и изложбата „ 40 години  Мал битолски Монмартр “ за да продолжи на неколку локации со настап на чалгиски ансамбли и дополнителни соддржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*