Денеска Битола на радост на најмладите доби нов детски парк.
Новиот детски парк е изграден на просторот на улицата „Север и Југ“.
Во Битола според зборовите на директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски на околу 50 локации во градот се направени паркови, од кои најголемиот број се збогатени со детски реквизити, а 4 се инклузивни паркови.
На над 20 локации се направени нови паркови, вклучувајќи го и еко паркот и паркот за домашни миленици сместен на Градското шеталиште во Битола.
-Идејата за изградба на нови хортикултурни уредувања во градот, кои ги опфаќаат и детските паркови, произлегуваат пред се од програмата за работа на градоначалничката Наташа Петровска и Советот на Општината.