Don't Miss
Home / Вести / Пристигнаа нови градежни машини во РЕК „Битола“

Пристигнаа нови градежни машини во РЕК „Битола“

Во РЕК „Битола“ во последно време постојано пристигнуваат нови градежни машини. Дел од градежните машини кои поради својот габарит стигнаа во Комбинатот во делови се монтираат од претставници на производителите во земјава и регионот.

Во функција е најголемиот дел од механизацијата која АД ЕСМ ја набавува за потребите на рудниците во РЕК „Битола“, а некои се очекува во наредниот период да пристигнат или да се монтираат.

Инаку, од средината на јуни досега, во РЕК „Битола“ пристигнаа 13 од 36-те машини набавени за потребите на рудниците на РЕК „Битола“.

Вкупната вредност на набавката изнесува 17,5 милиони евра, средства на АД ЕСМ. Ова е прва набавка од ваков обем од отворањето на комбинатот пред 40 години, а нови машини во „РЕК Битола“ не се набавени повеќе од 20 години, соопштуваат од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*