Don't Miss
Home / Вести / Спасена докторка од труење

Спасена докторка од труење

                                   

                        Докторка која се обидела со труење  да се самоубие е  спасена  од сигурна смрт.

            Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на лекарите од Ургентна медицина во Клиничката болница во Битола лекарката е спасена од смрт и сега се наоѓа на лекување во Интерното одделение во болницата.

            Според  добро информирани извори на  Нова Македонија лекарката се обидела да си го одземе животот, откако  била пуштена во пензија.

            Кога таа видела колку ниска и била пензијата се обидела со труење да си го одземе животот.

            Откако лекарката била пренесена во Клиничката болница, на Ургентното  одделение таа била вратена во живот.

              Засега останува непознато колку и била пензијата на лекарката, која ја натерала да се обиде да си го одземе животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*