Во рамките на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, денеска во клинчката болница во Битола беше дониран нов апарат кој ќе служи за функционални испитувања на тироидната жлезда, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања.
-Во функција е ставен нов апарат кој служи за функционални испитувања. Тоа значи дека пацентите коишто имаат потреба од ова испитување нема веќе да треба да патуваат во Скопје, тоа е значајна бројка на жители не само од Битола, туку и од регионот. Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку досега Клиничката болница во Битола работеше со кама апарат во одделот на Нуклеарна медицина, меѓутоа со овој апарат кој има интегрирано испитување има големи предности, поголема искористеност на радиоактивните материјали. Ваква камера има во Институтот за Патофизиологија во Скопје и предностите сега на југозападниот регион ќе бидат во тоа што ќе ги добиваат услугите во Битолкста болница., беше речено на свеченоста.