Во присуство на членовите на неговото најтесно семејство најблиските, како и негови пријатели и слушатели, денеска на Светонеделските гробишта во Битола беше погребан сопственикот на Радио 105 – бомбардер , Лазе Николовски – Лаки.
Лазе Николовски почина на 69 годишна возраст во Државната болница во Скопје, при самата интервенција на срцето.
Тој ќе остане запамтен како прв сопственик на приватно Радио во Битола и како човек кој 22 дена без прекин водеше програма.
Лазе Николовски – Лаки откако ја напушти работата во Општинската конференција на социјалистичкиот сојуз целиот свој работен век му го посвети на Радио 105 – бомбардер, како што го нарекуваше радиото.
Радио 105 – бомбардер речиси цели 30 години ги развеселуваше битолчани