Don't Miss
Home / Вести / Пазарот ги “скара “ коалиционите партнери

Пазарот ги “скара “ коалиционите партнери

                  

          Завршувањето на работите за реконструкција и ентериерно уредување на   Градскиот  пазар во Битола   ги “ скара “ коалиционите партнери СДСМ и ЛДП.

          Само што од ЛДП се пофалија во еден од локалните медиуми дека благодарение на директорот на Пазарот, Владе Атанасовски, кој е кадар на ЛДП, битолскиот пазар сега изгледа многу убаво и е целосно реконструиран,  од СДСМ, наредниот ден вратија со прес конференција на која за реконструктивите зафати на Пазарот заслугата си ја препишаја на СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска.

      -Градскиот пазар во Битола конечно заличи на градски во вистинска смисла на зборот. Ги нема веќе најлоните над главите на продавачите и купувачите.Заменети се и нефункционалните и грди тезги за бижутерија, цвеќиња, јужно овошје. Просторот се уредува со клупи, чешми, патеки како што доликува на еден од најубавите пазари во земјава. За реконструкција на Градскиот пазар, Општина Битола предводена од СДСМ издвои над 140.000 евра.Вкупно 180.000 денари чинеше изработката на проектната документација што ја порача Градоначалничката Наташа Петровска, а директно од општинската каса се вложија уште 8,5 милиони денари за промена на ликот на Градскиот пазар во Битола.

          Пазарот е култно место за Битола и биточани, а Битола и битолчани го заслужуваат најдоброто !

     СДСМ  ја вети и ја реализира реконструкцијата на пазарот, на задоволство и на купувачите и на пазарџиите ! беше соопштено на прес конференцијата на СДСМ.

          Ваквото препишување на заслугите по партиска припадност е само потрда дека откако ЛДП и ДОМ формира нова коалиција, досегашните коалициони партнери  СДСМ и ЛДП сега се гледаат како политички противници.

          За среќа засега таквата нивна спротиставеност не се одразува негативно на политиката на Советот, каде претседател е Валентин Груевски, кадар на ЛДП, но во Битола веќе наголемо се зборува дека во трката за градоначалничката функција тие ќе бидат лути противници, бидејки се очекува за функцијата  градоначалник на Битола,  новата коалиција ЛДП – ДОМ да го предложи актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*