Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи односно сладоледи, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат сладолед КИТ КАТ стапче со потекло од Франција, сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче со потекло од Полска и сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник од Полска.
Причина за повлекување на сите сладоледи е дека претставуваат небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
– Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет – соопшти АХВ.
АХВ апелира до потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, да не ги консумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.