ВМРО ДПМНЕ на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата ги утврди кандидатите за градоначалници на оваа партија за општините Новаци и Могила.
Кандидат за градоначалник на Новаци е Стевче Стевановски, инаку координатор на Општинскиот комитет во Новаци, вработен во локалната самоуправа, а на Могила, Драганчо Саботковски исто така координатор на партијата во Могила.