Битолскиот билдер Зоран Лазаревски – Паљото е првиот кандидат за градоначалник на Битола, кој официјално ја најави својата кандидатура.
Популарниот Паљо, кој на минатите локални избори не успеа да се избори за градоначалничката фотелја, овој пат е голем оптимист и верува дека ќе успеа да ја добие довербата на битолчани.
Зоран Лазаревски – Паљото почна со собирање на потписи за неговата кандидатура и верува дека до предвидениот рок тој ќе успее да ги собере потребните потписи.
Инаку Зоран Лазаревски Паљото е познат бодибилдер во Битола кој својата спортска кариера има освоено голем број на награди и признанија.
Тој е сопственик на боди- бидлидинг клубот “Паљо“.