Општината Битола денеска не им посака успешна училишна година на првачињата.
Откако не доби доверба од партијата да се бори за втор мандат и СДСМ се определи за новиот кандидат Христо Кондовски, Наташа Петровска изгледа едноставно одлучи да ги замрзни своите активности во Општината.
Додека во изминатите денови за време на кампањата таа буквално стигаше секаде и присуствуваше на разни настани, денеска едноставно ја снема.
Тоа што зачудува е што и од нејзината ПИ ар служба нема никаква информација за првиот училишен ден.
Таа денеска не се појавила на работа, а и не посети ни едно улилиште да им посака на учениците успешна школска година.
И покрај сите наши настојувања од Службата за информации на Општината Битола не добивме одговор на прашањето како Битола го одбележа првиот школски час.