Don't Miss
Home / Вести / Комеморација за бегството на политичките затвореници во Битола

Комеморација за бегството на политичките затвореници во Битола

           

            Денеска по повод 77 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битол се одржа комемеорација.

Не местото каде се наоѓаше бугарскиот затвор  “ Црн Мост “  градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и претставници на Општинската организација на Сојузот на борци,положија букети свежи цвекиња.

Присутните се потсетија на настаните поврзани со судбините на политичките затвореници, како и на случувањата на денешен ден.

 Бегството се случило  на 6 септември 1944 година од  Централниот областен фашистички затвор во Битола, кој бил отворен  во јули 1942 година во близината на “Црн Мост“ каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија.

Фашистичкиот воен суд во Битола им изрече казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживиотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

            Цело време во затворот функционираше затворски комитет на комунистите, кој од средината на 1944 година формирал и затворски воен штаб, кој пак беше ангажиран околу поодготовки на бегството на политичките затвореници.

Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на земјава од фашистичка окупација, беше речено на комеморацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*