Don't Miss
Home / Вести / Изградено ново детско игралиште ка урбаната заедница “Борис Бастеро“

Изградено ново детско игралиште ка урбаната заедница “Борис Бастеро“

Нов простор за одмор и рекреација добија жителите на урбаната заедница “Борис Бастерот“. Просторот е комплетно опремен со детски реквизити и клупи, со што истиот може да се користи како од учениците од ОУ “Даме Груев“, така и од малите деца и возрасните од овој дел на градот.

 Општина Битола за реализација на овој проект инвестираше 1. 013 915 денари.

Новото детско игралиште со опремата за забава на деца кај училиштето “Даме Груев“, е едно од седумте нови детски игралишта, кои се дел од проектот Еко офанзива 2, во рамките на кој во завршна фаза се и парковите кај Хотел Битола и УЗ “Кочо Десано“, а пред потпишување се договорите за изведба на детски игралишта на четири нови локации.

Со завршните активности на предвидените локации, Општина Битола во соработка со ЈП Комуналец, во изминатиот период, согласно програмата на градоначалничката м-р Наташа Петровска, реализираа повеќе проекти во областа на хортикултурното уредување и новите детски паркови, со што урбаниот и руралниот дел се збогатуваат со над 65 нови рекреативни простори од овој тип, велат од локалната самоуправа на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*