Денеска во Битола се одржа третата по ред атлетска манифестација “ Трчај бе“.
На трките зедоа учество голем број љубители на атлетиката и активни атлетичар(к)и од Битола, земјата и странство.
Во трката за Балканското првенство, на 21 километар, во машка конкуренција, која годинава се одржа за прв пат победи
Илие Александар Корнеши од Романија.
На второ место се пласира . Ахмед Алканоглу од Турција, додека на третото место се пласира Дарио Ивановски од Македонија.
Во истата дициплина, на 21 км. во женска конкуренција победи Маринела Нинева од Бугарија, втора беше Лилјана Мариа -Драгомир од Романија, а на трето место се пласира Неја Кршинар од Словениа.
На 10 км, во машка конкуренција победи Димитар Петровски, втор беше Кристијан Стојани, а трет Трајче Илијевски.
Во женска конуренција победи Билјана Кираџиева, втора беше Душица Јанкович, а на трето место се спласира Марина Домазетовска.
На 5 км. во машка конкуренција победи Пепи Анакијев, втор беше Христијан Наумовски,а на трето место се пласира Михаел Ван Баелен.
Во женска конкуренција првото место го освои Милена Чкрипеска, втора беше Цеца Србова,а на трето место се пласира Маре Чкрипеска.