ИНТЕГРА на престојните избори ќе учествува во 30 општини, од кои со 27 свои листи и 3 пилот модели со поддршка, доминантно во општини со над 10.000 жители, рече на денешната прес конференција претседателот на партијата Д-р Љупчо Ристовски.
Со кандидати за градоначалници (свои кандидати, независни кандидирани од ИНТЕГРА и пилот поддршка на независни и кандидати од други партии/коалиции) учествуваме во 15 општини.
Во Битола ИНТЕГРА на овие избори ќе настапи со советничка листа, на која носител е Добре Ристески. Од овој регион со советничка листа ќе настапат и во Прилеп и Кичево. Носител во Прилеп е Дејан Јанкуловски, а во Кичево Љупче Јаковлески.
Во овој регион со кандидат за градоначалник во Прилеп со Зоран Митревски.