Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски се сретна со претставници на Здружението на дијабетичари во општина Битола.
„На средба со претставници на Здружението на дијабетичари во општина Битола се запознав со актуелните проблеми на оваа категорија на пациенти. Активно и ефикасно партнерство помеѓу локалната самоуправа, здравствените установи и здруженијата на
пациентите е основа за обезбедување на подобра превенција и поголема заштита на здравјето на сите категории граѓани.“-рече Кондовски.
Тој истакна дека редовната комуникација и здравствената едукација е неопходен дел од тој процес. Покрај тоа, во насока на заштита на животната околина, рече дека заедно ја утврдиле потребата од изнаоѓање на еколошки начини на одлагање на инсулинскиот отпад во Битола.