Don't Miss
Home / Вести / Изостана “ тикварникот “

Изостана “ тикварникот “

          Без многу помпа, скромно и без специјалитетот  “тикварник “ кој го вети  сеуште актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска денеска таа  заедно со заменикот на претседателот на Владата задолжен за за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи  извршија увид во активностите за реконструкција на Офицерскиот дом

          Денешниот настан беше мошне чуден.

          Иако беше најавено спектакуларно отворање на Офицерскиот дом, тој денеска беше  промовиран мошне скромно во присуство на мал број вработени во општинската администрација.

          На настанот не присуствуваа ниту советници во Советот, ниту политичари од политичките партии, па ниту од СДСМ.

          Тоа што остана забележано од новинарите е дека сеуште не е завршено партерното уредување а поставените плочки беа со прашина и неизминеи.

          Ни на тревниците не беше порасната тревата.

          Останува отворено прашањето зошто градоначалничката во заминување Наташа Петровска во друштво на својот ментор, секретарот  Слободан Најдовски брзаше  на ваков начин да го промовира Офицерскиот дом, за кој цели 4 години токму од Петровска слушавме дека ќе биде симбол на градот.

          Зошто не се почека Домот да биде целосно реконструиран заедно со партерното уредување, а не вака недовршене да се промовира.

          Изостана и “тикварникот “ со кој Наташа Петровска се фалеше дека ќе ги почести битолчани.

          Очигледно некому му се брзаше да се пофали со реконструкцијата на Офицерскиот дом. Но овој пат настанот имаше контраефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*