Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски оствари средба со членови на спортските клубови во општина Битола.
„На заедничка маса со членови на спортските клубови од областа на фудбалот, ракометот, кошарката, куглањето, одбојката, велосипедизмот, планинското трчање, бодибилдингот, џудото и пливањето, како и со претставници на Сојузот на спортови, дискутиравме за актуелните состојби во битолскиот спорт.
Заеднички утврдивме дека поддршката е неопходна, со цел спортот во Битола да се развива во насока на самоодржливост на спортските клубови.
Битола е спортски град! Само силни спортски клубови достојно можат да ги бранат боите на трофејна Битола!“-изјави Кондовски по средбата.