Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, денеска го проследи деветтото издание на „PELISTER DOWNHILL CUP“, кој традиционално се одржува на Пелистер.
„Пелистер отсекогаш бил совршено место за рекреација на битолчани, но денес тоа е надополнето со многу возбудлива енергија благодарение на деветтото издание на „PELISTER DOWNHILL CUP“, со учесници од цел Балкан. Задоволство ми беше да бидам дел од таа енергија! На организаторите, “Extreme bike team Bitola“, им честитам на организацијата и креативноста!“-изјави Кондовски.
Во текот на денот тој оствари средба со организаторите со кои разговарале за важноста од одржување на традицијата и брендот на оваа престижна спортска манифестација, но исто така и за потребата од уредување на нови велосипедски патеки во месноста Смолево.
„Нови простори за авантуристички ектремен велосипедизам, за уште многу енергија за сите вљубеници на овој спорт во Битола! “-порача Кондовски, додавајќи дека неговата заложба е Пелистер да прерасне во европска дестинација за авантуристичките спортови.