Don't Miss
Home / Вести / Кондовски во посета на првиот кафе бар во Битола кој го водат лица со оштетен слух

Кондовски во посета на првиот кафе бар во Битола кој го водат лица со оштетен слух

По повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик, кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски, го посети првиот кафе бар во Битола кој го водат лица со оштетен слух, и со своите гости комуницираат на знаковен јазик.

„Им се одушевувам на овие двајца млади луѓе, Радмила Периќ од Богданци и Мартин Ангелов од Битола, кои не дозволиле оштетениот слух да им беше пречка да отворат свој мал бизнис во срцето на старата битолска чаршија – кафетеријата „Улаф сте“ лоцирана покрај реката Драгор.Тие ми кажаа дека од локалната самоуправа очекуваат да создаде повеќе пешачки простор во овој дел од градот, за да можат кафулињата и дуќаните уште повеќе да заживеат.“-вели Кондовски.

Радмила Периќ од Богданци и Мартин Ангелов на средбата истакнаа дека би сакале да се поставуви и платформа на реката Драгор пред нивното кафуле за да можат да опслужуваат повеќе гости.

„Им одговорив дека сум застапник локалната самоуправа да ги поддржува малите бизниси согласно со законската регулатива и своите ингеренции, бидејќи во интерес на сите битолчани е старата битолска чаршија да биде полна со активни дуќани и со муштерии!“-рече Кондовски.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*