Кандидатот за градоначалник на општина Битола, актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски, кој вчера му вети на РК “ Еурофарм Пелистер “ погоем буџет, заедно со советниците од листата на ОДЛУЧНО, денеска ја посети школата за шах, на Шаховскиот клуб “Стево Патако“
. Во разговор со лиценцираниот тренер на школата, Пеце Богдановски, разговарано е за проблемите со кои се соочува школата и начинот на нивното надминување.
Милевски истакна дека, покрај колективните спортови, Битола мора и ќе најде начин за помош и на таканаречените мали спортови.Битола го има човекот кој има најмногу поединечни титули во македонскиот шах и неговото искуство и знаење мора да се искористи, рече Милевски.