Деновиве заврши пописот во Битола.
Иако пописот заврши, сепак засега сеуште не се објавуваат податоци за тоа колку жители живеат во градот и општината.
Неофицијално во Битола според извори на порталот на Битолски весник живеат нешто над 65.000 жители.
Колку е оваа бројка точна останува да покажат дефинитивните резултати од пописот.
Доколку тоа се точни податоци излегува дека Битола во однос на минатото ја имаат напуштено најмалку 20.000 жители.